ŠKODA е еден од најдолготрајните производители на автомобили во светот. Simply clever претставува супериорна функционалност, секојдневна практичност и одлична вредност на парите.
ŠKODA е еден од најдолготрајните производители на автомобили во светот. Simply clever претставува супериорна функционалност, секојдневна практичност и одлична вредност на парите.
Volkswagen е еден од најуспешните производители во светот. Брендот Volkswagen се залага за иновативни, квалитетни и сигурни автомобили.
Porsche Leasing нуди финансирање не само на возилата од марката Porsche, туку и на сите возила од групацијата на VW.
Volkswagen Комерцијални Возила е бренд кој се произведува во Хановер, Опсегот на модели се состои од комбиња за достава, транспортери, повеќенаменски возила, комбиња за кампување и пик-ап возила.
Порше Брокер за сите свои клиенти кои ги користат возилата на брендовите застапувани од Порше Македонија, им обезбедува најповолни услови за склучување каско полиси и полиси за авто одговорност.
“Das WeltAuto” е меѓународен бренд, член на Volkswagen AG концернот, чии активности се исклучиво поврзани со работењето со употребувани возила.
Вработени
Салони
Клиенти
Како дел од дистрибутерската мрежа на ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА, ДЕЛУКС АУТО започнува со работа на 27.09.2007 год кога се занимава со трговија на возила исклучиво од гамата на SKODA. По енормниот успех постигнат за кратко време, ДЕЛУКС АУТО наскоро започнува и со продажба на возилата од гамата на VOLKSWAGEN.
Како резултат на успешната работа и желба за целокупно задоволство на клиентите во поглед на купување и сервисирање на нивните возила, точно по две години од неговиот старт,на 24.09.2009 год во употреба е пуштен новиот Сервисно-продажен центар ДЕЛУКС АУТО изграден според современите норми и стандарди на SKODA, кој важи за една од најубавите и најфункционалните центри во Куманово.
Благодарение на успешната работа и задоволство на клиентите што се опслужуваат се појави потреба од зголемен работен простот.
Резлутат е новиот VW/SEAT Сервисно-Продажен центар на Делукс Ауто изграден според најновиот концепт на VOLKSWAGEN каде што покрај трговија на возилата од гамата на VW и SEAT, се врши и сервисирање и каросериски поправки на возилата.
Стручните лица во Сервисно-продажниот центар Ви стојат на располагање секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, подготвени целосно да ги задоволат Вашите барања на високо професионално ниво според стандардите на Skoda/Volkswagen/Seat. Задоволство ни е да споменеме дека нашиот персонал постојано се надградува и усоовршува посетувајќи обуки за работа со возила од гамата на Skoda/Volkswagen/Seat во склоп на професонално организираните курсеви од специјално обучени тренери во Skoda/Volkswagen/Seat.
Секојдневните новитети во автомобилската индустрија и нивното унапредување во поглед на техничко-технолошки усовршувања и изуми, сами по себе наметнуваат потреба од користење на специјален алат како и најсовремени електонски дијагностички уреди за сервисирање на истите. Со користење на лиценцирани портали и програми од Volkswagen/Skoda/Seat, персоналот е во чекор со иновациите. Сервисниот центар со 10 работни позиции т.е дигалки е опремен со специјален алат на VW како и два дијагностички тестери за комплетна електроника на возилото VAS 6150 B и VAS 5051A.
Оригиналните делови Ви гарантираат сигурност и безбедност, Вам и Вашето возило. Подлежат на најстроги критериуми за квалитет и не само што гарантираат поголема сигурност, нудат и повеќе комфор и подолг животен век на Вашето возило. Оригиналните делови се идентични со оние делови што се користат во сериско производство така што клиентите можат да бидат сигурни дека купените производи се дизајнирани само за нивните возила и се вградени по стандардите на производителите.
Благодарение на напредната логистика и секојдневните испораки, залихите на оригиналните делови на Volkswagen/Skoda/Audi во нашиот Сервисен центар се достапни за многу краток временски период. Закажете термин и бидете сигурни и безбедни.
Во секој момент можете да закажете сервис за вашето возило кај нас, се што треба е да кликнете на копчето подолу и да ги пополните податоците кои ви се бараат, веднаш откако ќе пратите барање за закажување на сервис нашиот тим ќе го процесира барањето во најкраток можен рок и же бидете контактирани за да го потврдите вашиот термин!
Иако не живеам во Македонија за неполни 20 Минути успеав успешно електронски да закажам термин за сервисирање на моето возило, веднаш откако пристигнав во државата моето возило беше сервисирано и сум презадоволен од услугата. Одлични сте.
Frankfurt
Презадоволен сум од услугата, вработените и квалитетот на возилата!
Куманово
+389 31 444 999
ул. 500 бр. 55 1300 Куманово, Македонија
info@deluxe-auto.com.mk