НОВИОТ GOLF 8 СЕГА ДОСТАПЕН ВО НАШИОТ ПРОДАЖЕН САЛОН!
На прв поглед се чини дека се нема многу променето, но осмата генерација на најпопуларниот модел на Volkswagen под каросеријата е револуционерна.
Конечно пристигна најочекуваниот автомобил на годината – осмата генерација на Golf, најпродаваниот европски автомобил во историјата. Колку овој моел значи за Volkswagen, но и европскиот пазар најдобро покажуваат овие бројки. До денес се продадени неверојатни 35 милиони примероци, а само минатата година, иако беше јасно дека наскоро доаѓа „осмицата“, беа продадени 445 илјади примероци на Golf 7.
Новиот Golf сепак има значителни измени кога е во прашање надворешноста, иако на прв поглед веројатно веднаш знаеме дека станува збор за Golf.
Golf 8 пристигнува со најнизок коефициент на отпор од само 0,275, а притоа остана верен на обликот кој е карактеристичен за најпопуларниот хечбек на светот. Додека надворешноста може да се каже дека ја следи една „полесна“ еволуција, кога станува збор за внатрешноста – дизајнот и технологиите кои што пристигнуваат со Golf 8 се вистинска револуција.
Внатрешноста е минималистичка, со најмалку копчиња досега и е целосно дигитализирана. Со најголемиот дел на функциите се управува преку воланот и инфотејнмент системот кој има екран чувствителен на допир и во основа доаѓа со големина од 8,25 инчи.
Golf 8 ќе биде првиот автомобил од компактната класа кој ќе има сериски дигитални инструменти, односно и во најевтиниот пакет, осмата генерација на Golf ќе ја добиете целосно дигитализирана, без аналогни инструменти.
Целосната дигитализација на Golf 8 не би требала да ги збуни љубителите на овој автомобил. Од Volkswagen тврдат дека се е направено интуитивно и дека во фокусот е едноставноста на користењето.
Golf 8 пристигнува со едноставно и ефикасно контролирање со глас, паметниот телефон може да го замени клучот, автомобилот е цело време поврзан на интернет, а функциите на автомобилот можат со текот на времето да се збогатат со нови инсталации. Ова значи дека како кај автомобилите на Tesla, новиот Golf 8 ќе може софтверски да се надградува и тоа е вистинска дигитална револуција, нешто што е нетипично храбро од страна на Volkswagen.
Сите погони на Golf 8 се штедливи, а осмата генерација троши за 17% помалку од претходникот. Дури пет мотори се хибридни. Бензинците со сила од 110, 130 и 150 коњски сили имаат 48 V mild-hybrid систем кој возачот нема ниту да го забележи при возењето, а тука се и два plug in хибридни верзии со сила од 204 и 245 коњски сили (за моделот GTE).
Category: Новости