Изборот за најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“.

Финалистите беа поделени во пет категории, а се избираше меѓу 16 автомобили. Со 13.000 гласови на официјалната страна на „Златно тркало“ беа одбрани пет победници.
Рејнџ Ровер Евок ја освои главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија за 2020 година.
Останатите четири категории во кои беа доделени награди се Најпосакуван електрифициран автомобил, Најпосакуван бизнис автомобил, Најпосакуван семеен автомобил и Најпосакуван градски автомобил .
Најпосакуван Бизнис Автомобил за 2020 во изборот на Златно Тркало е новиот SEAT Tarraco.
– „Златно Тркало“ претставува нов уникатен начин за избор на најпосакуваниот автомобил кај нас преку гласање на целата јавност во земјата која има пристап до интернет и социјалните мрежи. Целиот избор започна минатата годината, по што се формира гласање во месец февруари, по што беа прогласени најпосакуваните автомобили во повеќе категории, како и главната награда за Најпосакуван автомобил на годината, соопштуваат организаторите на настанот.
Category: Новости